11.10.2014  Галатасарај му должи плати на Снајдер 
   Фудбалерот на Галатасарај, Весли Снајдер, потврди дека неговиот агент преговара со турскиот клуб поради неисплатената заработка.  
 
 Холандските медиуми претходните денови шпекулираа дека Снајдер не добил плата три месеци (околу милион евра) па може и да го напушти Галатасарај како слободен фудбалер ако сака.
„Галатасара се обидува да ја среди својата финансиска ситуација. Моите претставници се во преговори со клубот, но сега сум фокусиран на репрезентацијата на Холандија“, изјави Снајдер.
Поранешниот фудбалер на Ајакс, Реал Мадрид и Интер во Галатасара дојде во 2013 година и одигра 45 натпревари на кои постигна 16 голови.