18.11.2014  Парма останува без бодови поради долгови 
   Италијанскиот прволигаш Парма ќе биде казнета со одземање бодови откако во рокот не ги исплати заостанатите заработки на своите играчи и на тренерите.  
 
 Парма поради неплаќање данок минатото лето беше казнета со исфрлање од Европа, а сега ќе остане и од еден до шест освоени бодови во Серија А.
Клубот од „Енио Тардини“ има големи финансиски проблеми, должен е околу 50 милиони евра, а за плати и данок во текот на јули, август и септември должи околу 15 милиони.
Парма моментно се наоѓа на последното место на табелата во Серија А само со шест бодови, па во случај на максимална казна, би можела да остане на нула по 11 кола.