12.3.2015  Баерн без Робен и Рибери против Вердер 
   Баерн Минхен, актуелниот шампион на Германија, ќе биде ослабен на претстојното гостување кај Вердер Бремен викендов во Бундеслигата.  
 
 Поради помали повреди, нема да настапат Арјен Робен и Франк Рибери, додека Чаби Алонсо е суспендиран поради жолти картони.
Робен го истегна нервот, додека Рибери го повреди глуждот.
Двајцата беа заменети на вчерашниот реванш-натпревар од Лигата на шампионите против Шахтар, кој германскиот клуб го доби со 7-0.