Корисничко име Лозинка Пријави се
07.8.2015

Рубин Казан последна препрека за Работнички

Македонскиот освојувач на Купот, Работнички, по елиминацијата на Трабзонспор, во плејофот за пласман во Лигата на Европа ќе игра против рускиот Рубин Казан.

Рускиот клуб досега има со неколку настапи во групната фаза Лигата на Европа, но во последно време нема забележителни успеси. Минатото првенство го заврши на петтото место во националното првенство.
Рубин беше еден он најмалку посакуваните ривали за македонскиот претставник затоа што следи долг пат на гостувањето и клубот не е толку атрактивен како некои други ривали во ждрепката, но има квалитетен состав.
Првиот натпревар ќе биде одигран на 20 август на националната арена "Филип Втори", а реванш дуелот ќе биде одигран седум дена подоцна во Русија.

Лига на Европа – плејоф:

Алтах - Белененсеш
Стеауа – Розенборг
Викторија Плзењ - Војводина
Јаблонец – Ајакс
Молде – Стандард
Жилина – Атлетик Билбао
Зорја – Легија
Милсами – Сент Етјен
Јанг бојс - Карабаг
ПАОК - Брондби
Бордо - Кајрат
Динамо Минск - Салцбург
Либерец – Хајдук Сплит
Панатинаикос - Кабал
Астра – АЗ Алкмар
Краснодар - Хелсинки
Лех - Видеотон
Работнички – Рубин Казан
Атромитос - Фенербахче
Саутхемптон - Митјиланд
Од Гренланд – Борусија Дортмунд
Тун – Спарта Прага

Најнови вести