Корисничко име Лозинка Пријави се
21.8.2015

Работнички избори реми и со играч помалку

Работнички во дуелот со Рубин Казањ се избори за посакуваниот резултат и покрај тоа што половина час од натпреварот играше со играч помалку.

Вицешампионот на Македонија и освојувач на Купот во Русија за местото во групната фаза од Лигата на Европа патува со резултат 1-1.
Работнички ја контролираше топката уште од самиот почеток на натпреварот и покажа дека има квалитет да се биде на ниво на рускиот противник.
Уште на почетокот на средбата имаа две добри шанси, во 12-тата минута се закани Чума Адене, а по шест минути и Кире Марковски, но на полувремето резултатот беше 0-0.
Во вториот дел од средбата нашата екипа продолжи со добрите игри, но во 55-тата минута Милован Петровиќ доби втор жолт картон и мораше да го напушти теренот.
По 13 минути откако Работнички остана со играч помалку, Рубин ја искористи шансата и Чокденис Карадениз постигна погодок, кој го чинеше потрес на мозокот.
Водството на рускиот тим не влијаеше врз нашите фудбалери, тие не се откажаа и нивната упорност беше наградена во 85-тата минута од натпреварот, кога Кире Ристевски погоди за конечниот резултат 1-1.
Реваншот се игра седум дена подоцна во Казањ, а Работнички тогаш ќе биде дополнително засилен со капитенот Баже Илијоски и со Душко Трајчевски, чии суспензии завршија.

Најнови вести