Корисничко име Лозинка Пријави се
28.8.2015

Крај на европскиот сон за Работнички

Рубин од Казањ синоќа со минимален резултат од 1-0 го совлада нашиот претставник во реванш-натпреварот од плејофот за пласман во Лигата на Европа и со тоа го прекина европскиот сон на Работнички.

Македонскиот тим не успеа да се пласира во групната фаза од Лигата на Европа. Вчера во реваншот од четвртото коло од квалификациите загуби од рускиот Рубин со 1-0, откако првата средба во Скопје заврши со реми од 1-1.
Едуардо Карлос во 35-тата минута од натпреварот ја затресе мрежата на Работнички постигнувајќи го единствениот гол на натпреварот, кој на крајот се покажа победнички.
Русите имаа повеќе шанси, но голманот Божиновски одработи одлична партија и со тоа спречи поубедлив пораз.
Македонскиот тим играше офанзивно и се обидуваше да го загрози голот на Рубин, но не успеа да направи уште едно големо изненадување.

Најнови вести