26.10.2015  Алкараз доби отказ во Леванте 
   Лукас Алкараз доби отказ во Леванте, потврдија челниците на клубот од Валенсија.  
 
 Мини верзијата на „лилјаците“ е втор клуб од Примера лигата кој го промени шефот на стручниот штаб оваа сезона, по Лас Палмас.
Капката која ја прели чашата беше поразот од 0-4 против Реал Сосиедад. Леванте на девет натпревари оваа сезона прими 19 голови.
Во овој момент не се знае кој ќе му биде наследник, а во игра се неколку имиња.