Корисничко име Лозинка Пријави се
06.11.2015

ЛЕ: Борусија, Наполи, Молде, Рапид завршија работа

Борусија Дортмунд, Наполи, Молде и Рапид Виена веќе се изборија за втората фаза во Лигата на Европа, две кола пред крајот на првата.

Молде ја освои групата А со победата на Селтик во Глазгов со постигнат резултат од 2-1, додека пак за второто место со Шкотланѓаните се бори Ајакс и Фенербахче кои го завршија ремито без голови.
Сион во 94 минута се избори со резултат 1-1 со Бордо , па успеа да го задржи првото место во групата Б, пред Ливерпул кој оствари минимална победа на Рубин Казан со голот на Ајб.
Борусија славеше против Кабала со победа од 4-0 и ја заврши работата во групата Д, каде ќе се бори со Краснодар за првото место. Рускиот клуб заостанува три бода , а во четвртото коло го совлада конкурентот за второто место Паок со резултат од 2-1.
Наполи го надигра Митјиланд со 5-0 во дерби натпреварот во групата Д која ја освои со максимален ефект во првите четири кола. Победата на Италијанците ја искористи Клуб Бриж кој пак ја совлада Легија со 1-0 и се доближи до Данците за поен.
Неочекувано максималниот триумф во групата Е има Рапид Виена, кој славеше во Плзен против Викторија со 2-1, со тоа ги задржа трите бода предност над Вилјареал, кој пак го совлада Динамо Минск со 2-1.
Брага не успеа да го освои својот бод на Велодром кој пак би ја однел во втората фаза, Марсеј пак славеше победа со 1-0, а со тоа и ги задржа шансите да се избори за втората рунда.

Најнови вести