10.11.2015  Мојс доби отказ од Реал Сосиедад 
   Шкотскиот стручњак Дејвид Мојс доби отказ во Реал Сосиедад, само неколку дена пред „годишнината“ на „Аноета“.  
 
 Поранешниот менаџер на Евертон и Манчестер Јунајтед ја презема екипата од Баскија минатата сезона, додека тимот беше на 12 позиција, а минатата сезона заврши на истото место.
Мојс дефинитивно ја загуби довербата на управата после поразот од Лас Палмас минатиов викенд, четврти во последните пет натпревари, после кој е Сосиедад шеснаесетти со само девет бодови.
Шкотот беше четврти тренер од Велика Британија кој седеше на клупата на Реал Сосиедад.