20.1.2016  Нејсмит е нов напаѓач на Норвич 
   Досегашниот фудбалер на Евертон Стивен Нејсмит потпиша договор на три и пол години со Норвич.
  
 
 Норвич не ги соопшти финансиските детали околу договорот на 29-годишниот напаѓач, а британските медиуми шпекулираат дека трансферот е вреден 6 милиони фунти.
Нејсмит во 2012 година од Ренџерс дојде во Евертон за кој одигра 123 натпревари и постигна 25 гола. Тој оваа сезона беше стартер во само четири натпревари во Премиер лигата, а на теренот не е од 28 декември.
„Среќен сум што потпишав договор, бидејќи сега можам да се концентрирам на фудбалот“, изјави Нејсмит за интернет страницата на Норвич.
Тој е петтото засилување на Норвич во јануарскиот преоден рок, по Мет Џервис, Иво Пинто, Бен Годфреј и Тим Клосе.
По 22-то коло во Премиер лигата Норвич го зазема 16-тото место на табелата, со само два бода од зоната за испаѓање.