Корисничко име Лозинка Пријави се

 ТИПСТЕР КУП - СЕЗОНА 2025/2026

 

ТИПСТЕР НА МЕСЕЦОТ


Десет месечни етапи од септември 2025 до јуни 2026 година

Секој месец, првите тројца со најмногу бодови во тековната Глобална месечна етапа добиваат:


1. 100.000 денари

2. 30.000 денари

3. 20.000 денари

ПРВИТЕ 50 (ПЕДЕСЕТ) ТИПСТЕРИ  ОД ТИПСТЕР КУП НАТПРЕВАРУВАЊЕТО, ПЛАСИРАНИ  НА МЕСЕЧНО ГЛОБАЛНО НИВО, ВЛЕГУВААТ ВО ФИНАЛНАТА ФАЗА ОД КАМПАЊАТА „СО ДОБИТЕН ТИКЕТ ДО СТАН ВО СКОПЈЕ“.


Тикетите во ТИПСТЕР КУП во игра за Глобалните месечни подароци треба да ги исполнуваат следните услови:

-Во текот на еден ден може да се освојат поени само по еден основ, односно тикетот кој што носи најголем број на поени ќе се земе во предвид.

- Акцијата ги вклучува само тикетите уплатени на сл клуб картица

- Акцијата важи само за несистемски тикети

- Минимален број на натпревари на добитниот тикет е 4 (четири) натпревари.

- Минимален број на натпревари за добитните тикети од акцијата „ Втора кеш шанса“ е 3 ( три ) натпревари.

- Минимална вкупна квота на тикетот да е еднаква или поголема од 25 за добитните тикети.

- Минимална вкупна квота на тикетот да е еднаква или поголема од 26 за добитните тикети со еден промашен пар, „ Втора кеш шанса “

- Тикетите со предвремена исплата Кеш Аут не влегуваат во пресметката за добитни тикети во акциската кампања.

- Максимален број на тикети на дневно ниво кои влегуваат во конкуренција се првите десет уплатени тикети.

- Минимална уплата на тикет е 50 денари.

- Во пресметката за бодување влегуваат само тикетите кои што се уплатени во текот на денот, на кои што има натпревари во период од 09:00 часот до 08:59 часот наредниот ден.

- Доколку типстерот има повеќе од еден добитен тикет во текот на еден ден, во предвид ќе се земе само оној добитен тикет со најголем погоден коефициент и тој ќе влезе во конкуренција за Глобалниот пласман. На крајот на натпреварувањето еден корисник може да има бодувани тикети на своето конто колку што има предвидено денови во акциската кампања.

- Во случај да има одложен/прекинат натпревар и истиот не се одигра во предвидениот рок, истиот натпревар не се зема во предвид и тикетот не влегува во конкуренција за Глобален пласман, доколку не ги исполнува условите зададени со правилникот од акциската кампања, односно не се одигра во предвидениот рок од 09:00 часот до 08:59 наредниот ден.

- Доколку на еден добитен тикет се одиграни повеќе натпревари од минималниот праг истите влегуваат во пресметката за вкупниот коефициент на тикетот.

- Победник во акциската кампања е корисникот кој на крајот на истата ќе успее на своето конто да собере најголем број на поени, согласно правилникот на кампањата.

- Во случај на ист број на поени , за победник ќе се смета корисникот кој што прв остварил добитен тикет, односно прв се стекнал со поени во месечната етапа.

- Во текот на една месечна етапа корисникот може да биде добитник само во една од постоечките акциски кампањи. Доколку корисникот е пласиран на водечките позиции во две или повеќе акциски кампањи, истиот ја добива највисоката  премија како подарок, согласно остварената позиција во една од кампањите.

- Натпреварите од Супер тип понудата важат за пресметка во ТИПСТЕР КУП.

- Натпреварите од понудата за Обложување во живо важат за пресметка во ТИПСТЕР КУП.

Еден Типстер може да биде добитник на првиот подарок во глобалниот месечен пласман само еднаш, во текот на десетте  етапи. Доколку се случи еден ист Типстер да биде прв и во друга месечна етапа, главниот подарок и останатите подароци ги добиваат  Типстерите пласирани  под него на месечната ранг-листа а типстерот автоматски се брише од листата на добитници односно пласман.
Еден ист добитник на подарок за втора или трета позиција во генералниот месечен пласман може да биде максимум 2 (два) пати,  односно во две од можните десет  етапи, со услов дека претходно не бил првопласиран во некоја од претходните етапи од тековната година. Доколку истиот играч и во третата  етапа повторно се пласира на второ или на трето место на месечната глобална табела, автоматски Типстерот пласиран под него го добива соодветниот подарок а типстерот автоматски се брише од листата на добитници односно пласман.

- Организаторот има право да ја прекине акциската кампања,  да направи измена на правилникот во траење на акциската кампања, или да го суспендира корисникот на картичката за лојалност од акциската кампања доколку смета  дека истиот прави злоупотреби и нерегуларности во однос на самата акција.

* Добитникот на главниот подарок секој месец е обврзан да учествува во PR акции на Sport Life.

Бодувањето на добитните тикети ќе се рангира на следниот начин:

Погоден тикет со коефициент од 1 а помал од 25 - НЕ СЕ БОДУВА
Погоден тикет со коефициент од 25 а помал од 50 - се бодува со 5 поени 
Погоден тикет со коефициент од 50 а помал од 100 - се бодува со 10 поени
Погоден тикет со коефициент од 100 а помал од 200 - се бодува со 20 поени
Погоден тикет со коефициент 200 а помал од 400 - се бодува со 30 поени
Погоден тикет со коефициент 400 а помал од 800 - се бодува со 40 поени
Погоден тикет со коефициент 800 а помал од 1.600 - се бодува со 50 поени
Погоден тикет со коефициент поголем од 1.600 - се бодува со 60 поени

Бодувањето на втора кеш шанса тикети ќе се рангира на следен начин:

Lucky Loser 26 квота (2 поени)
Super Lucky Loser - 66 квота (5 поени)
Extra Lucky Loser - 166 квота (10 поени)
Ultra Lucky Loser - 466 квота (20 поени)
Premium Lucky Loser - 1.066 квота (30 поени)

 

Тикетите во ТИПСТЕР КУП за Локален месечен пласман ќе се бодираат по формула која организаторот има право да ја промени со претходна најава од најмалку пет дена.
Бодовите се пресметуваат по следната формула:

P = a + 20b + 20c ( појаснување во однос на формулата може да видите во делот на правила за типстер куп)

Важат тикетите уплатени во сите денови, т.е. месечно секој играч-типстер може да има максимум бодувани тикети колку што има денови во месецот;

• На дневно ниво, бодови се добиваат од првите 12 уплатени тикети, бодови носи само тикетот со најмногу поени, а за секој уплатен тикет (до 12-иот) се добиваат автоматски по 10 бодови.