Корисничко име Лозинка Пријави се

 ТИПСТЕР КУП 2020/2021

 

ТИПСТЕР НА МЕСЕЦОТ


Новата сезона на ТИПСТЕР КУП во нов формат - осум месечни етапи од октомври 2020 до мај 2021 година, без финална фаза! 

Секој месец, првите тројца со најмногу освоени поени во тековната глобална месечна етапа добиваат:


1. 100.000 денари

2. 50.000 денари

3. 20.000 денари

Локални месечни подароци (ваучери за десетте најдобропласирани Типстери во секој објект)

Иста формула за пресметка на поените од секој тикет.

Седум дена во следниот месец за обработка на сите тикети.


НОВО: E-тикетите уплатени online влегуваат во пресметка за поени во ТИПСТЕР КУП натпреварот. Online сегментот ќе се води како посебен објект и за него ќе важат Локалните месечни подароци (ваучери за десетте најдобро пласирани Типстери).

Осум месечни етапи:

1. етапа: 1. 10. 2020 - 31. 10. 2020
2. етапа: 1. 11. 2020 - 30. 11. 2020
3. етапа: 1. 12. 2020 - 31. 12. 2020
4. етапа: 1. 01. 2021 - 31. 01. 2021
5. етапа: 1. 02. 2021 - 28. 02. 2021
6. етапа: 1. 03. 2021 - 31. 03. 2021
7. етапа: 1. 04. 2021 - 30. 04. 2021
8. етапа: 1. 05. 2021 - 31. 05. 2021


Сè што е потребно е да сте член на SL клубот и со секој тикет да ја приложите вашата СЛ клуб картичка или да имате активен online профил!
Со своите уплатени тикети, сеедно дали се погодени или промашени, играчите се натпреваруваат кој е поуспешен во типувањето. 
Сите бодови од тикетите, т.е. учинокот на типстерите се рангира во табелите за Генерален месечен пласман и Локален месечен пласман.


Важат тикетите уплатени во сите денови, т.е. месечно секој играч-типстер може да има максимум бодувани тикети колку што има денови во месецот;

На дневно ниво, бодови се добиваат од првите 12 уплатени тикети, бодови носи само тикетот со најмногу поени, а за секој уплатен тикет (до 12-иот) се добиваат автоматски по 10 бодови.

Формула за пресметка на поените A+20B+20C! (пример за бодувањето има подолу)

Еден Типстер може да биде добитник на првиот подарок во глобалниот месечен пласман само еднаш. Доколку се случи еден ист Типстер да биде прв и во друга месечна етапа, подарок добива Типстерот пласиран под него на месечната ранг-листа. 

* Подетални информации за Типстер купот можете да прочитате во делот ПРАВИЛА и во делот ПОДАРОЦИ.

Пример за пресметка на поените:

 
Рангирања Правила Подароци

Други придобивки од Sport Life клубот