Корисничко име Лозинка Пријави се
Користење на лични податоци
Сите лични податоци на играчите се заштитени во безбедна база на податоци на компанијата.

Комапнијата, односно www.sportlife.com.mk ја превзема одговорноста за безбедноста на податоците за своите играчи. Заштитата на играчите е базирана на препораките на EGBA (European Gaming and Betting Association)

Ние преземаме одговорност за начинот на уплата, избор на квотите и игрите на нашиот сајт во две насоки: првенствено, ги штитиме нашите клиенти од грешки од типот на случајно или несмасни кликнување на одредена квота. Онлајн мониторингот и искуството на нашите букмејкери е фокусирано да заштитува од измами. Манипулации со квотите и со уплатените тикети е криминал, и како такви ќе ги третираме. Поради тоа, за да се надминат сите можни безбедносни проблеми, се координираме со принципите на ESSA (European Sports and Security Association) и EGBA.

Од безбедносни причини, ниту еден личен податок нема да биде проверен од трета страна, освен во случај на Ваша согласност. Компанијата го задржува правото да во случај на сомнителни податоци, истите ги прати на трети лица (надлежни институции за истрага на такви случаи). Компанијата ги исполнува сите законски прописи за прибирање и обработка на личните податоци и нивна заштита.

Во случај да ја затворите Вашата корисничка сметка, со Ваша молба, сите податоци можат да бидат избришани, но само по истек на рокот за зачувување на податоците пропишан во Законот за игри на среќа. Пред истек на тој рок, сите информации мораат да бидат достапни поради Вашата сигурност во случај на законски истраги на надлежните институции или суд.