Корисничко име Лозинка Пријави се
04.2.2016

ПСЖ во историјата на францускиот фудбал

Фудбалерите на ПСЖ поставија нов рекорд во францускиот фудбал по серијата од 33 натпревари на кои не се поразени.

„Светците“ во 24 коло во Лига 1 славеа против Лориен и така ја продолжија низата почната во март минатата година од натпревари во домашното првенство.
Претходниот рекорд го постави Нант во 1995 година од 32 натпревари без пораз. Нант инаку таа сезона ја заврши со само еден пораз и тоа беше најблиску што некој француски клуб стигнал да ја заврши сезоната без загубен натпревар.
Актуелниот шампион ја запиша 21-та победа оваа сезона и на чело на шампионатот има 66 бодови, 24 повеќе од Монако.
До триумфот над Лориен Парижаните дојдоа малку потешко отколку што се очекуваше. Едисон Кавани го доведе домашниот тим во водство во шестата минута, а Рафаел Гереиро изедначи во 19-тата минута. Златан Ибрахимовиќ во 55-тата минута им ја врати предноста на „светците“, а конечниот резултат во 69-тата минута го постави Лајвин Курзава. 

Најнови вести