Корисничко име Лозинка Пријави се
18.2.2016

Клоп: ЛЕ е како ЛШ, можеме да ја освоиме

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп е убеден дека неговиот тим може да ја освои Лигата на Европа.

Англискиот великан денес му гостува на германскиот Аугсбург во првиот натпревар од шеснаесетфиналето на второто по ранг европско натпреварување.
„Само неколку клубови на светот можат да размислуваат дека можат да ја освојат Лигата на Европа, а мислам дека ние сме еден од тие клубови. Не треба да мислиме како немаме шанса, но ако навистина ги погледнете тимовите кои се натпреваруваат, ова е како Лигата на шампиони“, изјави Клоп.
Ливерпул тешко ќе се избори за пласман во Лигата на шампионите во националното првенство, па Клоп ја гледа Лигата на Европа како скратен пат.
„Понекогаш можете да гледате на освојување на купот како најкраток пат да стигнете некаде, но Лигата на Европа секако не е најкраткиот пат до Лигата на шампионите. Ова е долга и тешка трка. Можноста како победник да се пласирате во Лигата на шампионите секако ги прави работите забавни, прашајте ја Севилја, ова ни е последната шанса“, изјави Клоп.
Натпреварот во Аугсбург е на програмата од 21:05 часот.

Најнови вести