Корисничко име Лозинка Пријави се
24.3.2016

Стерлинг неизвесен за Европското првенство

Фудбалерот на Манчестер сити Рахим Стерлинг би можел да го пропушти остатокот од сезоната поради повредата на препоните.

Стерлинг се повреди во неделата во текот на натпреварот со градскиот ривал Манчестер јунајтед,а на повреда на листот на тој натпревар се пожали и голманот Џо Харт.
Тренерот на Сити Мануел Пелегрини тогаш изјави дека двајцата играчи може да паузираат по месец дена.
Меѓутоа „Скај Спортс“ наведува дека повредата на Стерлинг е сериозна и дека би можел да отсуствува меѓу осум и шест седмици, што значи дека би можел да го пропушти остатокот од сезоната.
Со оглед на послабата форма од очекуваната од доаѓањето од Ливерпул минатото лето, оваа повреда би можела да го загрози настапот на Стерлинг на претстојното Европско првенство во Франција од 10 јуни до 10 јули.
Селекторот Рој Хоџсон ќе го соопшти списокот на 12-ти мај, а до 31 мај има рок да го прати во УЕФА конечниот список со 23 фудбалери.
Харт има помали проблеми со повредата на листот и ќе отсуствува од теренот околу две седмици па би можел да биде во тимот за првиот натпревар од четврт-финалето во Лигата на шампионите против ПСЖ на 6-ти април.
Стерлинг во својата прва сезона во дресот на Сити постигна 11 голови на 39 натпревари, од што шест во Премиер лигата на 26 настапи.
Од друга страна, Харт оваа сезона на 39 натпревари во сите натпреварувања забележа 83 одбрани, а на 13 натпревари во Премиер лигата нема примено гол.

Најнови вести