Корисничко име Лозинка Пријави се
25.3.2016

Лига шампиони само за одбраните?

УЕФА ги разгледува опциите да го намали бројот на тимови во Лигата на шампионите од моменталните 32 и да стане значително затворено натпреварување достапно исклучиво на најголемите клубови.

Меѓу новите идеи е да учествуваат 16 тимови во две „супер групи“, или повеќе нокаут фази.
Асоцијацијата на европските клубови предводена од поранешниот германски напаѓач Карл-Хајнц Румениге, ја разгледувала опцијата за турнир од 20 тимови од клубовите од Италија, Англија, Шпанија, Германија и Франција.
Претставникот на УЕФА изјави дека е во постојан контакт со клубовите, но дека немало конкретни предлози.
Извршниот директор на Интер од Милан, Мајкл Болингброк, порано оваа седмица изјави за „ББЦ“ дека некои клубови кои во домашниот шампионат нема да се изборат за место, во Лигата на шампионите би требало да добијат покана за тоа натпреварување.
Во моментов структурата на Лигата на шампионите нема да се промени до крајот на сезоната 2017/18, додека трае договорот за ТВ правата.
Сезоната започнува веќе во јуни со квалификациите кои преку четири рунди ги носат конечните 32 натпреварувачи. Тимовите се поделени во осум групи од кои по два најдобри одат во осминафиналето.
Лигата на шампионите е основана 1992 година како наследник на Купот на шампионите, додека натпреварувањето беше низ систем на елиминациони рунди.

Најнови вести