Корисничко име Лозинка Пријави се
30.3.2016

Демичелис обвинет за обложување

Фудбалската асоцијација на Англија покрена постапка против дефанзивниот играч на Манчестер сити Мартин Демичелис поради сомневање дека се обложувал.

Демичелис се обвинува дека во периодот од 22-28 јануари дури 12 пати го прекршил правилникот на Фудбалската асоцијација околу забраната за обложување и поради тоа до 5-ти април ќе мора да одговори на обвинувањето.
Фудбалската асоцијација поради истите причини го казни Џејмс Деметриус од Свонси со 700 и Андрос Таунсенд, тогашен фудбалер на Тотенхем, со 18.000 фунти и четиримесечна суспензија.
Светската забрана на обложување за учесниците во фудбалот е на сила од 1 август 2014 година.

Најнови вести