Корисничко име Лозинка Пријави се
30.3.2016

Пелегрини најде нова работа, заминува во Русија

Менаџерот на Манчестер сити Мануел Пелегрини по завршувањето на сезоната најверојатно ќе ја преземе клупата на Зенит, изјави поранешниот фудбалер на Зенит Александер Панов.

Панов, чиј збор се почитува во клубот во кој остави голем белег, изјави дека на Чилеанецот му е понудена плата од 3,5 милиони евра годишно.
Панов додаде дека Зенит ќе претрпи многу промени во составот, а од претходно е најавено дека ќе замине тренерот Андре Вилаш-Боаш, а можно е по неговиот пат да отидат и ѕвездите Хулк и Аксел Вицел.
„Промени ќе има, но со Пелегрини, Зенит нема да биде слаб. Тој направи добра работа со Сити и покажа дека е врвен тренер со освојувањето на Премиер лигата и Лига купот. Има победнички менталитет кој сегашниот тренер на Зенит го нема“, изјави Панов.
Зенит во моментов се наоѓа на четвртото место во рускиот шампионат, со шест бодови помалку од лидерот на ЦСКА Москва.

Најнови вести