Корисничко име Лозинка Пријави се
01.4.2016

УЕФА го исфрли ланскиот финалист од Лигата на Европа

Днипро од Украина, Интер Баку од Азербејџан и Таргу Муреш од Романија се исфрлени од меѓународните натпреварувања, соопшти Европската фудбалска унија (УЕФА).

Клубовите се казнети поради кршење на финансиските правила, а нема да можат да играат на првото европско натпреварување на кое се квалификуваат во следните три години.
Ним им беше наложено да ги регулираат финансиските долгови до 31-ви јануари, кога беше последниот рок да завршат со регулацијата на долговите.
Днипро е во финансиски проблеми поради нестабилната политичка ситуација во Украина, но и покрај тоа играше во финалето на Лигата на Европа минатата сезона, во која беше поразен од Севилја со 3-2.
Покрај Днипро, Интер и Таргу Муреш, рок до 31-ви јануари му беше даден на уште еден романски клуб, Астра Ѓурѓу, но УЕФА не се огласи околу тоа прашање.

Најнови вести