Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2018

УЕФА „го бендиса“ ВАР системот, ќе се применува сезонава во Лигата на шампионите

На 30-ти август, на ждрепката за составот на групите во Лигата на шампионите, УЕФА ќе ја објави и одлуката за примена на ВАР системот, односно модерната видеотехнологија за спорни моменти

Видео технологијата за разгледување на спорните моменти во фудбалот, или популарниот ВАР систем уште од оваа сезона ќе биде во употреба во Лигата на шампионите.
Иако не беше планирано, УЕФА веќе одлучи, а објавата ќе биде на 30-ти август, на ждрепката за составот на групите во Лигата на шампионите. ВАР системот ќе се применува од четврт-финалните натпревари, а пресудно за забрзување на одлуката за негова примена, според УЕФА, биле позитивните искуства од Мундијалот во Русија.
Видеотехнологијата веќе се применува и во најсилните лиги во Европа, освен во англиската Премиер лига.

 

Најнови вести