Корисничко име Лозинка Пријави се
20.4.2016

Агуеро со 100 гола во Премиер лигата

Напаѓачот на Манчестер сити Серхио Агуеро го постигна својот 100-ти гол во дуелот со Њукасл во Премиер лигата кој заврши 1-1.

Во 16-тата минута Александар Коларов ја прати топката во шеснаесетникот, а Агуеро со одличен удар со глава ја упати кон противничкиот гол и го совлада голманот на црно-белите. Иако од видео снимката јасно се гледаше дека Аргентинецот е во офсајд позиција, голот беше признат.
Колку е успешен поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид во Англија зборува и податокот дека до 100 голови стигна на само 147 натпревари, што е вториот најдобар однос од играчите кои стигнаа до бројката од 100 голови.
Поуспешен од него е само легендарниот Алан Ширер кој првите 100 голови ги постигна на 124 натпревари.

Најнови вести