Корисничко име Лозинка Пријави се
05.5.2016

Куртуа: Останувам во Челзи

Голманот на Челзи Тибо Куртуа ги демантираше шпекулациите за заминувањето од „Стемфорд бриџ“.

Одредени медиуми шпекулираат околу наводната намера на „сините“ да го продадат Белгиецот на Барселона или ПСЖ за 50 милиони евра, како би го довеле талентираниот голман на Саутхемтон, Фрејзер Фостер.
„Имам договор со Челзи, никогаш не сум контактирал со ПСЖ. Тоа е добар клуб, но јас сум среќен во Челзи и со сигурност можам да потврдам дека останувам. Луѓето мислат дека врвните играчи сакаат да си одат од клубот кој не игра во Лигата на шампионите, но јас не сакам“, изјави Куртуа.
Челзи во сезоната по освојувањето на титулата е дури на деветтото место на табелата во Премиер лигата, па следната сезона нема да игра во Европа.

Најнови вести