Корисничко име Лозинка Пријави се
07.5.2016

Трагедија во Романија: Фудбалер на Динамо почина на терен

Фудбалерот на Динамо Букурешт Патрик Екенг почина на вчерашниот првенствен натпревар со Виторул.

Дваесет и шест годишниот играч во 70-тата минута падна на земја, судијата во истиот момент го прекина натпреварот, а несреќниот фудбалер по укажаната прва помош беше префрлен во болница.
Меѓутоа сите напори на докторите да го спасат биле без ефект и набрзо потоа е констатирана смрт, пренесуваат медиумите од Романија.
Екенг во игра влезе во 63-тата минута, а пред Динамо беше член на Кордоба од Шпанија и на францускиот Ле Ман.
Натпреварот беше продолжен и заврши со нерешен резултат од 3-3, што на многумина не им се допадна.