Корисничко име Лозинка Пријави се
17.4.2013

Штрајк на фудбалерите на Рапид Букурешт

Играчите на Рапид од Букурешт стапија во штрајк поради неисплатените плати и нема да играат во сабота против Виторул од Констанца.

„Нема да тренираме и нема да го играме следниот меч“, изјави капитенот на Рапид, Даниел Панку.
Рапид во неделата ремизираше 1-1 со Стеауа, во натпреварот кој во второто полувреме беше прекинат поради нереди на навивачите.
Играчите на Рапид претходно овој месец изразија незадоволство на средбата против Глорија Бистрица така што истакнаа банер на кого бараа помош од фудбалските власти на Романија.
Трократниот шампион на Романија во декември беше пред банкрот поради огромните долгови.
Локалните медиуми пренесоа дека фудбалерите на Рапид веќе со месеци примаат само по десет отсто од платата.
Без оглед на финансиските проблеми, Рапид игра добро и во последните пет натпревари има примено само еден гол.
Клубот од Букурешт се наоѓа на седмото место на табелата со 38 бодови од 26 натпревари, 26 помалку од водечката Стеауа.
Думитру Драгомир, претседателот на Романската лига, неодамна рече дека неколку романски клубови се пред банкрот поради натрупани долгови.

Најнови вести