Корисничко име Лозинка Пријави се
31.7.2013

Тотенхем го доведе романскиот стопер Кирикеш

Според пишувањата на повеќето романски медиуми, стоперот на фудбалскиот клуб Стеауа од Букурешт, 23-годишниот Влад Кирикеш е ново засилување на англискиот клуб Тотенхем.

„Долче спорт“, весник многу близок на романскиот клуб, тврди дека Тотенхем платил осум милиони евра за доведувањето на романскиот репрезентативец, кој на клубот од Лондон треба да му се приклучи во следните 24 часа. Уште вчера „Долче спорт“ пишуваше дека Кирикеш по натпреварот од третото претколо на квалификациите на Лигата на шампионите меѓу Динамо Тбилиси и Стеауа, со авион ќе замине во Лондон за да го доврши трансферот.
Британските медиуми засега сè уште не потврдиле ништо, како ни Тотенхем, кој овие дена има поголеми проблеми од доведувањето на стоперот (да го задржи Герет Бејл).
За Кирикеш се верува дека е еден од најдобрите стопери на Европа, кој одлично се снаоѓа со топката и е одличен во скок-игра. Посебно во паметење на сите скаути остана неговиот погодок на Ајакс во минатосезонското издание на Лигата на Европа.

Најнови вести