Корисничко име Лозинка Пријави се
02.6.2018

Покетино: Кога те бара Реал, мораш да се јавиш...

Маурисио Покетино, менаџерот на Тотенхем, изјави дека е свесен дека ќе има многу шпекулации за негово одење во Реал од Мадрид, но дека засега околу тоа прашање не се случило ништо.

Кралскиот клуб во четвртокот остана без тренер бидејќи Зинедин Зидан поднесе оставка. Веднаш по објавувањето на таквата одлука, започнаа приказните за потенцијалните наследници, а Покетино се споменува како најсериозен кандидат.
„Кога ќе те повика Реал Мадрид, мораш да се јавиш и да сослушаш. Сепак, тоа сега нема врска со мене, неодамна потпишав договор со Тотенхем и среќен сум во клубот“, изјави аргентинскиот стручњак во изјавата за шпанските медиуми, која ја пренесе англискиот „Гардијан“.
Покетино додаде дека и покрај тоа што неговото име се поврзува со Мадриѓаните, тој останал фокусиран на подготовките за новата сезона со Тотенхем.
„Се трудам да останам зад тие приказни. Знам дека ќе има многу шпекулации, но нема никакви новости кога е во прашање Реал. Фокусиран сум на Тотенхем“, изјави Покетино.
Покрај него, како кандидати за наследници на Зидан се наведуваат и Јоахим Лев, селекторот на германската репрезентација, кој ја отфрли таа можност, Арсен Венгер, поранешниот менаџер на Арсенал, и Антонио Конте, стратегот на Челзи.

Најнови вести