Корисничко име Лозинка Пријави се
07.9.2018

Реал оствари приход од 750 милиони евра

Кралскиот клуб е како „машина за пари“

Актуелниот европски првак Реал Мадрид, освен со највредниот освоен трофеј, може да се пофали и со неверојатна заработка. Кралскиот клуб за минатата година забележал приход дури од 750,9 милиони евра. 
Минатата сезона беше многу добра за Реал. Тимот трет пат во низа стана европски првак, а во своите витрини ги донесе и пехарите од Светското клупско првенство, од Суперкупот на Европа и Суперкупот на Шпанија. 
Во овие 750 милиони евра не влегуваат парите кои се заработени од продажба на играчи. Овој приход е за 11,3 отсто повеќе во однос на претходната сезона, а најголем откако во клубот е дојден претседателот Флорентино Перес во 2000 година. 
Поради овие факти, вредноста на Реал се искачи на неверојатни 494,5 милиони евра. Клубот има и долг од 107 милиони евра. Челниците на Реал во најскоро време треба да имаат состанок на кој ќе се одлучува за реконструкција на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

 

Најнови вести