Корисничко име Лозинка Пријави се
04.9.2018

На повидок голема трампа: Марсело во Јуве, Алекс Сандро во Реал

Европскиот и италијанскиот првак преговараат за нова зделка, Марсело повторно ќе игра покрај својот пријател Кристијано Роналдо

Реал Мадрид и Јувентус подготвуваат голема зделка за јануарскиот преоден рок. Двата клуба сакаат да направат директна размена меѓу двајца играчи, во Јуве да се пресели Марсело, додека на другата страна да замине Алекс Сандро.

Јувентус така ќе добие искуство на левата бековска позиција, а воедно и играч кој долги години играше покрај Кристијано Роналдо по левата страна, па можеби токму овој ангажман може да биде клучот за подобрување на формата на Португалецот.
Кралевите, пак, ќе добијат квалитетен лeв бек кој ќе им служи во наредните години. Aлекс Сандро е три години помлад од својот сонародник, има 27, што значи пред него се најдобрите години во фудбалот.

Оваа размена одговара и од административна перспектива. Новите правила на УЕФА гласат дека секој клуб кој ќе учествува во нокаут-фазата од Лигата на шампионите, може да регистрира тројца нови играчи без никакви рестрикции. Тоа значи дека Сандро и Марсело ќе можат да играат за новите клубови во елитното европско натпреварување доколку се случи зделката.

Најнови вести