Корисничко име Лозинка Пријави се
08.3.2018

Покетино: Заслуживме повеќе, бевме подобриот тим

Маурисио Покетино, менаџерот на Тотенхем, изјави дека е разочаран од елиминацијата на неговиот тим во осминафиналето на Лигата на шампионите.

„Петлите“ по 2-2 во Торино, доминираа еден час и водеа со 1-0 против Јувентус, но „старата дама“ направи пресврт во рок од три минути и се пласира во следната фаза.
„Заслуживме повеќе, бевме подобриот тим. Покажавме повеќе во двата натпревара. Но примивме два гола за помалку од три минути, испаднавме поради две големи грешки“, изјави менаџерот на Тотенхем.
„Таков е фудбалот. Јас и понатаму сум сонувач. Победите и поразите се нормална работа, посебно во Лигата на шампионите, јас сум горд на фудбалерите и како играа“, додаде Покетино.
Освен Јувентус, во четврт-финалето на Лигата на шампионите се пласира и Манчестер сити, а им се приклучија на Реал Мадрид и Ливерпул.
Следната седмица играат Манчестер јунајтед – Севилја (прв натпревар 0-0), Рома – Шахтар (1-2), Бешикташ – Баерн Минхен (0-5) и Барселона – Челзи (1-1).

Најнови вести