Корисничко име Лозинка Пријави се
29.5.2015

Второлигаш ѝ ја донесе титулата на Стеауа

Фудбалерите на Стеауа ја освоија третата последователна шампионска титула на Романија по драматичната завршница.

Пред последното коло, Стеауа имаше два бода повеќе од Таргу Муреш, победата би ѝ ја донела титулата, но ремизираше во Јаши со 0-0.
Но, на гигантот од Букурешт му се насмевна среќата, Таргу Муреш беше шокантно поразен на домашен терен од Оцелул Галац, новиот второлигаш.
Домаќинот водеше од 39-тата минута со голот на Мурешан од пенал, а на 22 минути пред крајот изедначи Тудори. Таргу Муреш тргна на сè или ништо, а гостите тоа го искористија со голот на Хелдер во 95-тата минута и го решија прашањето на шампионот.
Стеауа со освојувањето на 26-тата шампионска титула на Романија избори квалификации за Лигата на шампионите, ќе биде носител во третата рунда.
Таргу Муреш, кој пропушти историска шанса да ја освои круната, ќе игра покрај Клуж во квалификациите за Лигата на Европа, додека покрај Оцелул, кој ги совлада двата првопласирани тима оваа сезона, испаднаа: Чахлеул, Рапид Букурешт, Универзитатеа Клуж, Брашов и Газ метан.

Најнови вести