Корисничко име Лозинка Пријави се
08.8.2013

Лудогорец домашниот меч во ЛШ ќе го игра надвор од Бугарија?

Бугарскиот фудбалски првак Лудогорец ќе има големи проблеми околку организацијата на реванш-средбата од плејоф рундата во квалификациите за влез во групната фаза на Лигата на шампионите, доколку ждребот му додели натпревар дома како реванш.

Откако во третото коло од квалификациите го елиминираа белградски Партизан, претседателот на бугарскиот првак Кирил Домушчиев откри пред новинарите дека Лудогорец нема да може да ги пречека во Бугарија соперниците во последното коло од квалификациите, доколку клубот биде домаќин во реваншот. 
„Ќе полудам! Не верував дека баш административни пречки ќе ни застанат на патот на влезот во групата од Лигата на шампиони“, рече Домушчиев, кој потоа ги објасни можностите: 
„Постои можност да одиме да играме во Романија, веројатно на стадионот на Стеауа Букурешт (оддалечен 100-тина километри). Но тоа нема да биде опција доколку не извлечат да играме меѓусебно. Другата можност е да ги играме двата натпревари во гости“, изјави очајниот претседател на Лудогорец.
Единствениот стадион во Бугарија кој ги задоволува стандардите на УЕФА за одржување на плеј-оф рунда од квалификациите е стадионот во Софија (Васил Левски), но во него на 27. и 28. август, кога е распоредот за реванш-средбата се одржува рок концерт. Доколку Лудогорец биде домаќин на првата средба тогаш стадионот во Софија најверојатно ќе биде каде ќе се одигра натпреварот. 
Ждребот за плеј-оф рундата за квалификациите е закажан овој петок во Нион.

Најнови вести