Корисничко име Лозинка Пријави се
03.9.2018

„Гробарите“ одбележаа 33 години од смртта на Манце

Еден од најсаканите фудбалери во историјата на Партизан загина на трети септември 1985 година

Иако поминаа 33 години од неговата трагична смрт, постарите навивачи на Партизан уште се ежат кога ќе се спомне името на Драган Манце, еден од најсаканите фудбалери што некогаш го носеле црно-белиот дрес на белградскиот клуб. 

Партизановата легенда си замина од овој свет пред 33 години, на трети септември 1985 година, кога брзајќи на тренинг со својот автомобил, трагично го загуби животот во близина на болницата во која што беше роден. Манце имаше 23 години, а за пет години, на 279 меча за Партизан, даде 174 гола. Последниот гол го постигна од пенал, на први септември 1985, против Будуќност. 

На првиот меч по неговата смрт, на осми септември, на стадионот „ЈНА“ гостуваше Приштина, а Партизан победи со 1-0 и тој гол на Радановиќ во последните секунди е еден од најемотивните моменти во историјата на клубот. 

Манце во првата половина на 80-тите години беше „српски Џејмс Дин“, го почитуваа и противничките фанови, бидејќи беше играч кој секогаш гинеше на теренот и на колена ги прославуваше погодоците. Навивачите на Партизан и денеска го скандираат неговото име, а пред четири години, тој доби и улица во близина на стадионот на Партизан во Белград.

 

Најнови вести