Корисничко име Лозинка Пријави се
26.3.2015

Партизан го смени Николиќ

Марко Николиќ, досегашниот тренер на Партизан , е сменет на вчерашната седница на Управниот одбор, изјави за новинарите Драган Бјелогрлиќ, член на Управниот одбор на клубот.

Останатите членови на Управниот одбор не сакале да даваат изјава, а како што е речено, клубот ќе објави соопштение.
„Бев против тоа да се смени Николиќ, веќе по втор пат моите ставови не се поклопуваат со мнозинството и од принципиелни причини размислувам за понатамошната работа во клубот“, додаде познатиот актер и режисер.
Нов тренер на Партизан ќе биде Зоран Милинковиќ кој досега го водеше Вождовац.
На седницата на Управниот одбор ѝ претходел состанок на Секретаријатот, на којшто присуствувал и Николиќ.
Тој минатата сезона со Партизан го освои второто место, а клубот го напушта во моментот кога екипата има само два бода повеќе од Црвена ѕвезда, откако првиот дел од првенството го заврши со плус шест.

Најнови вести