Корисничко име Лозинка Пријави се
13.8.2014

Фудбалерите на Партизан одбиле да тренираат

Фудбалерите на Партизан вчера не излегле на терен во терминот на вечерниот тренинг, а не се знае дали ќе тренираат денеска по пладневниот состанок на неколку фудбалери и стручниот штаб.

Прв пат во скоро седум децении на постоењето на клубот се случува фудбалерите со штрајк да се обидат да се изборат за своите права.
Капитенот Саша Илиќ два дена преговара со управата на клубот, а после последниот состанок на фудбалерите вчера попладне, на трпението му дошло крај па екипата стапила во штрајк.
На вработените во клубот, како и на играчите им се должат неколку месечни плати, а до некој трансфер или позајмица во клубот нема пари. Наводно на фудбалерите има била понудена извесна сума сега, но таа била многу помала од тоа што им се должи.

Најнови вести