Корисничко име Лозинка Пријави се
19.9.2014

УЕФА покрена истрага против Партизан

Партизан би можело да биде казнет поради навредливиот транспарент кој го истакнаа „гробарите“ на натпреварот од првото коло во Лигата на Европа со Тотенхем кој заврши 0-0.

На јужната трибина на стадионот во Хумска стоеше транспарент на којшто пишуваше „Only Jews and Pussies" (Само Евреи и ...). Поради спорниот транспарент со кој се алудира на поврзаноста на еврејската заедница со клубот од Лондон, Европската фудбалска унија покрена истрага.
Претставници на клубот од Лондон, како и делегатот на УЕФА, го фотографирале транспарентот кого Маурисио Покетино,  менаџерот на Тотенхем, го оцени како срамен. Тотенхем важи за клуб кој има голем број навивачи, па овој транспарент во истрагата сигурно ќе се третира како антисемитски.
Доколку УЕФА го прогласи за виновен, нема сомнение дека казната ќе биде остра. Во текстот, исто така, се наведува дека Партизан веќе беше казнет поради тепачка меѓу навивачите во текот на натпреварот со Зрињски во Мостар. Тогаш, во 2007 година, „црно-белите“ беа исфрлени од натпреварувањата на УЕФА.
Неодамна Стеауа и Лудогорец беа казнети поради расистички испади на навивачите, парично и со натпревар без присуство на навивачите.

Најнови вести