Корисничко име Лозинка Пријави се
20.8.2018

Меси го нема меѓу тројцата најдобри во Европа!

УЕФА откри кои фудбалери се во трка за престижната награда

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги објави тројцата играчи кои останаа во трка за најдобар фудбалер во Европа за сезоната 2017/18. Малку изненадувачки, но во потесниот избор го нема Лионел Меси од Барселона. Во трката за најдобар се Кристијано Роналдо (Реал М./Јувентус), Лука Модриќ (Реал Мадрид) и Мохамед Салах (Ливерпул). 
Овие тројца добија најмногу гласови од страна на 80 тренери на екипи кои учествуваа во европските купови во минатата сезона, како и 55 новинари од сите земји-членки на УЕФА. Најдобриот фудбалер ќе биде познат на гала-свеченоста на 30-ти август во Монако, кога ќе биде и извлекувањето на групите во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа. 
Во последните четири години, Роналдо оваа награда ја има освоено три пати, а еднаш најдобар беше Меси. Од претходно освојувачи биле и Андрес Иниеста во сезоната 2011/12, како и Франк Рибери следната сезона. 
Роналдо и Модриќ беа меѓу најзаслужните за освојувањето на титулата во Лигата на шампионите на Реал Мадрид. Роналдо е актуелен освојувач и на Златната топка, додека Модриќ минатиот месец беше прогласен за најдобар фудбалер на Светското првенство во Русија. Салах блесна во дресот на Ливерпул и беше најзаслужен што англискиот клуб играше во финалето на Лигата на шампионите, каде што загуби од Реал Мадрид. 
На листата од четврто до десетто место се најдоа: Антоан Гризман со 72 бода, Лионел Меси (55), Килјан Мбапе (43), Кевин де Бројне (28), Рафаел Варан (23), Еден Азар (15) и Серхио Рамос на 10-тото место со 12 поени.

 

Најнови вести