Корисничко име Лозинка Пријави се
07.10.2018

НОВ ПРОБЛЕМ: Роналдо силувал повеќе од една девојка?

Адвокатот на Кетрин Мајорга тврди дека се појавила уште една жена која ги преживеала истите трауми од Португалецот

Aмериканката Кетрин Мајорга неодамна пријави дека во 2009 година била силувана од Кристијано Роналдо. Настанот се случил во Лас Вегас, кога Португалецот бил на одмор во САД. Откако се запознале во еден ноќен клуб, заедно заминале во хотелската соба на Роналдо, каде девојката била силувана.
За да молчи за настанот, на Мајорга и биле исплатени 375.000 долари, но и покрај тоа, девет години се отвори случај во полицијата во САД. Адвокатот на Мајорга, тврди дека неодамна се појавила уште една жена која вели дека ги преживеала истите трауми од Португалецот.
„Ми се јави една жена и ми рече дека го имала истото искуство како Кетрин. Засега не можам да го откријам нејзиниот идентитет“, вели адвокаот на Мајорга.
Случајот на Роналдо од 2009 година не е прв и единствен. Во 2005 година Португалецот имал слични проблеми. Тогаш, како 20-годишник бил уапсен и испрашуван откако една девојка од Франција го обвинила дека го силувала во хотелска соба во Лондон. На крајот судот го ослободил Роналдо поради немаше доволно докази.
Петкратниот освојувач на „Златната топка“ ги обвинува сите обвиненија и вели дека е наместен.

Најнови вести