Корисничко име Лозинка Пријави се
29.8.2018

Роналдо нема да игра за Португалија во Лигата на нациите

Новата ѕвезда на Јувентус ќе се фокусира на обврските со клубот, европскиот првак ќе мора да се снајде без Роналдо за дуелот против Италија

Кристијано Роналдо нема да игра за португалската репрезентација на средбата против Италија во рамките на првото коло во Лигата на нациите. Португалецот одлучил да се посвети на клупските обврски и што подобро да ја започне сезоната во Лигата на шампиони.

Триесет и тригодишниот голгетер сè уште го чека својот првенец во дресот на „старата дама“, па слободното време за репрезентативната пауза ќе го помине работејќи со тимот. 

Португалија на 10-ти септември ќе игра против Италија во Лигата на нациите, додека Роналдо нема да настапи и на пријателскиот меч против Хрватска кој се игра четири дена порано.

Најнови вести