Корисничко име Лозинка Пријави се
14.5.2015

Партизан 26-ти пат шампион на Србија

Фудбалерите на Партизан се новите шампиони на Србија, а титулата ја обезбедија со победата над Напредак во Крушевац со 2-0 во 28-то коло на Суперлигата.

„Црно-белите“ ја вратија шампионската титула од Црвена звезда со победата кој ја обезбедија со головите на Бранко Илиќ во 26-тата минута и на Андрија Живковиќ на девет минути до крајот.
Тоа е 26-та национална шампионска титула за Партизан, а седма во последните осум години.
Партизан беше супериорен во текот на најголемиот дел на првенството, пролетва се избори и со заминувањето на клучни играчи, како Шкулетиќ и Лазовиќ, па повеќе од заслужено повторно е национален шампион.
Дополнителна причина за славење има легендата на „црно-белите“, капитенот Саша Илиќ, кој ја освои десеттата титула со Партизан.

Најнови вести