Корисничко име Лозинка Пријави се
07.8.2014

Динамо и Партизан испаднаа од Лигата на шампионите

Белградски Партизан втора година по ред е елиминиран од бугарскиот шампион Лудогорец,а Динамо не ја искористи гостинската победа на првиот натпревар во Данска.

Србите имаа 0-0 по првиот натпревар во Бугарија, но во Белград не успеаја да триумфираат и одиграа нерешено, 2-2, по водството на гостите од 2-0.
Сонот за Лигата на шампионите е завршен и за Динамо од Загреб, кој имаше поволен резултат по првиот натпревар (1-0), но на свој терен беше поразен со 2-0 од данскиот Алборг со головите на Јакобсен во 36-тата и во 85-тата минута.
За Данска да има двајца претставници во плејофот за најелитното натпреварување, се погрижи Копенхаген, кој со 2-0 го победи Днипро, по 0-0 на гостувањето.
Уште во вторникот, пласман во плејофот обезбедија БАТЕ Борисов, Стандард и Марибор, а по тој пат вчера тргнаа Зенит и Хапоел.
Малме успеа да го надополни заостанувањето од првиот натпревар и благодарение на головите во гости против Спарта од Прага се пласира понатаму. Во првиот натпревар резултатот беше 4-2 за Спарта, но Швеѓаните возвратија со 2-0, а стрелец на двата гола беше Росенберг.
Шериф и Слован одиграа без голови, а понатаму се пласира словачкиот клуб, благодарение на триумфот со 2-1 во првиот натпревар.
Во дербито на квалификациите, Бешикташ славеше со 3-1 против Феенорд, а сите три погодоци ги постигна Ба, во 28-та, 80-та и 86-та минута, додека за холандскиот клуб стрелец беше Ману.
Стеауа доста се намачи против Актобе, а на свој терен славеше со 2-1, по ремито од 2-2 во гости.
Ред Бул Салцбург беше сигурен на свој терен со головите на Хинтерегер во 18-тата и во 34-тата минута, за триумфот со 2-0 против Карабах. Во првата средба резултатот беше 2-1 за азербејџанскиот клуб.

Резултати:
Зенит – АЕЛ Лимасол 3-0 (0-1)
АПОЕЛ – Хелсинки 2-0 (2-2)
Малме – Спарта Прага 2-0 (2-4)
Шериф – Слован Братислава 0-0 (1-2)
Стеауа – Актобе 2-1 (2-2)
Бешикташ – Феенорд 3-1 (2-1)
Копенхаген – Днипро 2-0 (0-0)
Салцбург – Карабах 2-0 (1-2)
Партизан – Лудогорец 2-2 (0-0)
Динамо Загреб – Алборг 0-2 (1-4)
Селтик – Легија Варшава 0-2 (1-4)
БАТЕ Борисов – Дебрецин 3-1 (0-1)
Панатинаикос – Стандард Лиеж 1-2 (0-0)
Макаби Тел Авив – Марибор 2-2 (0-1)

Најнови вести