Корисничко име Лозинка Пријави се
12.8.2014

Фудбалерите на Партизан без плата четири месеци

Капитенот на Партизан, Саша Илиќ, бил на разговори со челниците на клубот за неисплатените плати на фудбалерите, но не бил постигнат договор.

Српските медиуми пишуваат дека плати во клубот не се исплатени четири месеци, а во април фудбалерите добиле дел од една плата.
Според некои информации, некои играчи бараат раскин на договорите од Арбитражната комисија на Фудбалскиот сојуз на Србија.
Партизан во квалификациите за Лигата на шампионите беше елиминиран од бугарскиот шампион Лудогорец, а за девет дена ги очекува првиот меч од плејофот за пласман во Лигата на Европа против Нефтчи од Азербејџан.
Српскиот вицешампион новата сезона во српската Прва лига ја почна со победа над Вождовац на гости од 3-1.

Најнови вести