Корисничко име Лозинка Пријави се
18.9.2015

Лига на Европа: Лацио направи кикс, Шалке и Тотенхем одиграа рутински

Синоќа се одиграа сите натпревари од првото коло на групната фаза во Лигата на Европа.

Синоќешниот дерби-натпревар меѓу Андерлехт и Монако заврши со реми од 1-1. Уште во 11-тата минута од средбата Жиле го постигна првиот погодок за Белгијците, но во финишот Траоре израмни за Французите.
Лацио не триумфираше во Украина. Благодарение на Милинковиќ- Савиќ поведе во 34-тата минута, но во продолжението на второто полувреме Селезњов израмни за бод на Днипро.
Шалке го совлада АПОЕЛ од Кипар со 3-2, а стрелци беа Матип и два пати Хунтелар. Тотенхем извојува победа со 3-1 над Карабах. Тимот од Азербејџан беше во предност, но Англичаните направија пресврт со погодоците на Сон и Ламела.
Партизан го совлада АЗ Алкмар со 3-2. Умару му донесе водство на тимот од Србија, израмни Ван дер Линден, но потоа повторно погоди Камерунецот Умару, за 3-1 даде гол Живковиќ, а Хенриксен го ублажи поразот на Алкмар.
Во дуелот на некогашните европски шампиони меѓу Ајакс и Селтик немаше победник, по многу возбудувања меќот заврши 2-2. Ливерпул поведе на гостувањето во Бордно со голот на Лалана во 66-тата минута, но на девет минути до крајот изедначи резервистот Јуси.

Лига на Европа, прво коло
Ајакс - Селтик 2-2
Бордо - Ливерпул 1-1
Дортмунд - Краснодар 2-1
Фенербахче - Молде 1-3
Габала - ПАОК 0-0
Гронинген - Марсеј 0-3
Либерец - Брага 0-1
Митјеланд - Легија 1-0
Наполи - Бриж 5-0
Плзен - Динамо Минск 1-0
Рапид - Вилјареал 2-1
Сион - Рубин Казан 2-1  
Андерлехт - Монако 1-1
АПОЕЛ - Шалке 0-3
Астерас триполис - Спарта Прага 1-1
Атлетик Билбао - Аугсбург 3-1
Днипро - Лацио 1-1
Фиорентина - Базел 1-2
Лех - Белененсес 0-0
Партизан - АЗ Алкмар 3-2
Скендербег - Бешикташ 0-1
Спортинг - Локомотив Москва 1-3
Сент Етјен - Розенборг 2-2
Тотнем - Карабах 3-1

Најнови вести