Корисничко име Лозинка Пријави се
13.9.2013

Хунтелар викендов нема да игра за Шалке

Холандскиот фудбалер Клас-Јан Хунтелар сè уште не закрепна од повредата на лигаментите на коленото и нема да биде во составот на Шалке за утрешното гостување кај Мајнц во петтото коло на Бундеслигата.

Хунтелар се повреди на натпреварот од второто коло против Волфсбург. Иако првите прогнози говореа за пауза од две до три седмици, 30-годишниот напаѓач сè уште не е спремен за игра.
„За натпреварот против Мајнц не можеме да сметаме на него. Дали ќе биде подготвен за среда, за дуелот против Стеауа во Лигата на шампионите, сè уште не знаеме“, изјави Јенс Келер, тренерот на Шалке.

Најнови вести