Корисничко име Лозинка Пријави се
01.9.2018

Само Волфсбург со максимална „шестка“

Сите мечеви од 15.30 часот во Бундеслигата беа, со обложувачки жаргон кажано: „гол-гол“

Волфсбург славеше со 3:1 на гостувањето кај Баер Леверкузен и засега е единствениот тим во Бундеслигата кој има 6 бода по два одиграни меча. Шанса да се изедначи со Волфсбург на чело на табелата има првакот Баерн Минхен, кој доцна попладнево гостува кај Штутгарт. 

Тимот на тренерот Бруно Лабадија, губеше со 0-1 на „Бај арената“ во Леверкузен, но во периодот од 36 до 60 минута, даде три гола, и тоа беше доволно за Волфсбург да освои нови два бода, кои го ставаат на чело на табелата по некомплетни две кола. 

Интересно е што сите 10 екипи кои играа од 15.30 часот, постигнаа гол, па сите меча финишираа со „гол-гол“, како што би кажале во обложувачки жаргон. Најдраматично беше во Франкфурт, каде што Вердер со гол од слободен удар во 96 минута, дојде до три бода. Стрелец на тој убав гол бепе Албанецот Рашица. 

Следната рунда се игра викендот кој ќе биде од 14 до 16 септември. 

Резултати: Аугзбург – Борусија Менхенгладбах 1:1, Баер Леверкузен – Волфсбург 1:3, Ајнтрахт – Вердер 1:2, Хофенхајм – Фрајбург 3:1, Нирнберг – Мајнц 1:1. Од 18.30 часот се игра дуелот Штутгарт – Баерн Минхен. 

 

Најнови вести