Корисничко име Лозинка Пријави се
07.2.2017

Анчелоти може да смета на Алкантара и на Кимих

Карло Анчелоти, тренерот на Баерн од Минхен, вчера изјави дека Шпанецот Тијаго Алкантара е подготвен да се врати во стартната постава за претстојниот натпревар од Купот на Германија против Волфсбург.

Алкантара треба да го има првиот настап во 2017 година, откако се повреди во текот на подготовките во Катар минатиот месец.
Баерн денес го дочекува Волфсбург во осминафиналето на Купот на Германија.
Анчелоти изјави дека некогашниот фудбалер на Барселона е подготвен да одигра 90 минути.
„Тијаго може да ни помогне со неговиот квалитет. Тој е подготвен и да може да игра 90 минути. Тој ќе биде во стартната постава“, изјави тренерот на Баерн за германските медиуми.
Анчелоти додаде дека за денешниот натпревар ќе биде подготвен и Џошуа Кимих.
„Кимих тренираше вчера, тој е подготвен и нема веќе проблеми. Сите останати играчи се во добра форма“, изјави Анчелоти.

Најнови вести