Корисничко име Лозинка Пријави се
07.9.2018

Волсфбург го избрка „англискиот лажго“

Хајндс со недели не се појавувал на тренинзи со објаснување дека го загубил пасошот.

Германскиот клуб Волфсбург му даде отказ на англискиот напаѓач Кајлен Хајндс откако овој млад фудбалер не доаѓал на тренинзи со оправдување дека го загубил пасошот. 
Хајндс, кој има 20 години, во јули заминал на краток одмор во родната земја, а набрзо ги известил луѓето од клубот дека го загубил пасошот и дека нема да може да се врати во Германија. Но, паузата се оддолжила, па клубот го раскина договорот, и тоа на штета на фудбалерот. 
„Не е тајна колку време треба да се поднесе барање за нов пасош. Клубот не можеше да го толерира однесувањето. Моравме да реагираме и да го раскине договорот по ова неоправдано отсуство од неколку недели“, рече спортскиот директор Јерг Шмадке. 
Хајндс кариерата ја почна во Арсенал, а во Бундеслигашот се пресели во 2017 година. Во минатата сезона играше само на еден меч, па го позајмија во Гројтер Фирт, но и таму настапи само еднаш.  

 

Најнови вести