Корисничко име Лозинка Пријави се
01.8.2016

Џилавоџи со скршен вратен пршлен

Фудбалерот на Волфсбург Џошуа Џилавоџи доживеа тешка повреда на вратот на пријателскиот натпревар со Спортинг Лисабон.

Францускиот фудбалер од средината на теренот ја претрпе повредата во второто полувреме на натпреварот во кој неговиот тим беше поразен со 2-1.
Веднаш беше пренесен во болница, а по прегледите била констатирана скршеница на вратен пршлен, но уште не се знае колку ќе отсуствува од терените.
„Лекарите рекоа дека сум имал среќа во несреќа. Не го обвинувам ривалот дека направи нешто погрешно, ова беше несреќна ситуација. Се надевам дека заздравувањето ќе помине во најдобар ред и дека ќе можам што побрзо да ѝ се приклучам на екипата“, изјави Џилавоџи за интернет страницата на германскиот прволигаш.

Најнови вести