Корисничко име Лозинка Пријави се
13.4.2016

Роналдо: Головите ми се во гените

Кристијано Роналдо е воодушевен по победата над Волфсбург со 3-0 во која со хет-трик му го донесе пласманот на својот тим во полуфиналето од Лигата на шампионите.

„Ова беше одличен натпревар, навистина сум среќен. Како тим игравме добро, пожестоко го започнавме натпреварот, игравме со висок интензитет и постигнавме два брзи гола“, изјави Португалецот. 
Роналдо го постигна својот 37 хет-трик по ред во дресот на Реал и со тоа стана првиот играч во Лигата на шампионите со постигнати три хет-трика во една сезона на ЛШ.
„Не е лошо зарем не“, се пошегува Кристијано и додаде: „Го контролиравме натпреварот, но Волфсбург исто така беше добар со топката, но генерално гледано мислам дека бевме подобри, направивме повеќе шанси и заслуживме да поминеме понатаму“.
Ова е шеста по ред сезона во која Роналдо постигнува барем 45 голови на сите натпреварувања, а сега се наоѓа на бројот 16 во ЛШ, еден гол зад својот рекорд од сезоната 2013/14. 
„Головите ми се во ДНК,ова беше волшебна ноќ, а се надевам дека ќе постигнам повеќе од 17 голови бидејќи тоа би бил добар знак за тимот и за мене“.
На Реал не му е прв пат да „станува од мртвите“, во текот на седумдесеттите и осумдесеттите тоа стана вообичаено, но потоа долго време не се случуваше. 
„Зборот ’враќање’ е секогаш на усните на луѓето на ’Сантијаго Бернабеу’, Реал ги имаше многу во текот на историјата, но и ние сега го дадовме својот придонес. Навивачите беа неверојатни“, заклучи Роналдо.

Најнови вести