Корисничко име Лозинка Пријави се
27.8.2018

Хрват од Волфсбург го навлече гневот на хомосексуалците

Брекало, кој настапува во Германија, е религиозен католик и јавно се спротивстави на ЛБГТ-заедницата

Хрватот Јосип Брекало изјави дека е против одлуката на неговиот клуб Волфсбург,сезонава капитенската лента да биде во боите на виножитото, како поддршка за толеранцијата кон хомосексуалците. 
Капитените на Волфсбург во сите возрасни категории на ракавите од дресовите носат лента во боите на виножитото, но Брекало рече дека и да биде капитен, никогаш не би ставил таква лента, па деновиве во Германија тој стана објект на напади дека е хомофоб.
„Јас сум многу религиозен и мислам дека носењето симболи на нешто што се противи на христијанското учење е нешто погрешно“, објаснува 20-годишниот Брекало, кој до пред две години беше член на Динамо Загреб и за 10 милиони евра прејде во Бундеслигашот.
Брекало и претходно направи хаос во своите коментари на Инстаграм, кога ставаше лајкови на погрдните коментари на фотографијата на која капитенот на Волфсбург носеше таква лента. Тогаш Хрватот се оправдуваше дека телефонот му бил расипан. 

Најнови вести